Болката и насилството во „Срамота“ од Куци

Најголем непријател на човекот е самата негова природа. Разумот е предноста на човекот која му дава способност да мисли и да препознава, но инстинктот е она што им помага да преживеат сите живи суштества, вклучувајќи го и човекот. Ден-денес околностите во кои живее човекот го условуваат да се потпира на животинскиот инстинкт за да преживее.

Срамота од Џ. М. Куци се случува во Кејптаун за време на апартхејдот во Јужна Африка. Девјид е бел маж професор кој се наоѓа во надредена позиција над студентите, црнците и жените. Разумот е она што ни помага да ја согледаме разлика во другиот – човекот наспроти животното, јас наспроти ти. Дејвид ја знае моќта на својата позиција, тој знае дека е лице со авторитет и арогнатно го злоупотребува тоа во своја полза. Тој се чувствува интелектуално супериорен над студентите, за кои смета дека не се достојни за неговото време и неговите предавања. Иако е разумно суштество, Дејвид се препушта на инстинктите, кои бараат по секоја цена да се исполнат гладот, жедта и сексуалниот нагон. Гледајќи ги жените од црната раса како објект за лично задоволство, тој ја силува и емоционално ја злоупотребува својата студентка Мелани. Поради емоционалната неповрзаност со жртвата. тој го признава делото без никакво чувство на вина. Меѓутоа се случува голема промена во неговиот карактер кога ќе почне да живее со неговата ќерка Луси. Таа живее заедно со Петрус, кој е црнец. Сите живеат добро и во склоп еден со друг, но еден ден три момчиња, од црната раса, ќе ги ограбат и ќе ја силуваат Луси. Овој настан предизвикува огромна физичка и емоционална траума врз двајцата. Дејвид сака да ги пријави во полицја, но Луси само сака да си го зачува мирот, плашејќи се дека ќе ја изгуби заштитата што и ја пружа Петрус, ако го сторат тоа.

Само откако ќе ги почувствуваме работите на наша кожа можеме да знаеме како другиот се чуствува и низ што поминува. После инцидентот, Дејвид оди и се извинува на родителите на Мелани, знаејќи ја веќе болката од злосторството извршено врз неговото дете. Колку и да сме разумни, сепак не можеме а да не ги согледаме разликите од расата, полот, возраста и општествениот статус. На самиот крај Дејвид ја посетува својата ќерка и одбира сите тие разлики да ги стави на страна за да можат и двајцата да имаат шанса за нормален живот.

 

Наталија Трајковска