За Орфеј – Блес Фалконер

Не е лудило, но срам за она што го сакам
и срам што го немам она што го сакам,

што е само по себе еден вид на лудило – пијан,
3 по полноќ, скалилата престрмни да се искачат.

Креветот може да почека. Наместо тоа, одам до базенот,
Се соблекувам и влегувам, мирисот на дим и пот

се мие од косата и кожата. Влажниот бакнеж:
неговата уста притисната тука, мојот врат, и таму,

моите гради – на крајот – отидоа никаде.
Коли поминуваат со спарени странци. Се пробивам.

Ѕидот од тули се протега кон небото,
Небото празно, освен соѕвездијата,

чии животи ги сакам – твојот најмногу од сите,
татко на поетите, чија лира ги полнела дрвјата

и камењата со восхит, љубовникот растргнат на парчиња
и фрлен во реката. Вечерва,

ти си лебедот, изгубен меѓу дупчиња од светло,
твоето грло гризнато од црна дупка

која зема и зема и никако не полни. Клоцам,
Ги протегам моите изморени раце за да го задржат телово.

Прави совршени кругови, но секое од нив
се крши на краевите. Ти кој никогаш не беше,

Дали најпосле погледна надолу кон светот
И виде дека повеќе нема да биде доволно? Не сега.

Ниту некогаш. Жед го клука човечкото срце.
Ти си лагата на која нема засекогаш да ѝ верувам.

 

Превод на Грација Атанасовска

Слика од Marc Chagall