Избор поезија од Ивана Крстиќ #1

Секогаш кога сонувам војна
кон ,,КОНАКЧИИ” од Ненад Величковиќ

 

Секогаш кога сонувам војна,
aпокалипса во дела раѓа новиот ден,
в сонот свеста одамна ме врзала за пранги,
а
сепак се сеќавам на
пионерската капа со која се бакнував.
Војните се во нашите глави,
јас својата ја оставам насекаде по малку,
секогаш кога ја сонувам
одново го уредувам својот подрум за ново засолниште.
Денес оставив три везени пиперки таму
и на дрвениот ковчег му пишав дека е сигурен,
под вратата ставив нови хартивчиња,
проверив дали душекот го изеле старите глувци.

Секогаш кога сонувам војна на календарот прецртувам ден,
пијам повеќе, јадам сласно, дишам повеќе од препорачаното
и молчам колку што ми е дозволено.

 

 

Она што ни го дале
и
и она што никогаш нема да ни го земат

 

Ова место е далеку од рајот,
ни дадоа вода,
но
во неа заборавиле да стават малку волја.

 

Лазиме до првите тревки за нашиот стомак
и
имаме огромен дом – тепихот на едно небо.

 

Велат дека ги имаме сите услови за да бидеме живи
и често ни се јавуваат ноќе,
да прашаат како спие секој од нас.

 

Потсетуваат – смее да се умре тивко,
кога ќе одобри управата.

 

Често не потсетуваат дека
животот тие ни го дале,
но
знаеме
дека смртта не можат да ни ја земат.

 

Слики на Nicola Bealing.