Основи на фотографијата

1. Црно-бела фотографија


На почетокот фотографиите биле еднобојни, или црно-бели. Дури и откако филмот во боја бил полесно достапен, црно-белата фотографија продолжила да се истакнува со децении, поради нејзината пониска цена и нејзиниот „класиченˮ фотографски израз. Важно е да се обрне внимание дека некои еднобојни слики не се секогаш чисто црно-бели, но исто така содржат и други нијанси во зависност од развивањето на филмот. Многу фотографи продолжуваат да прават некои еднобојни слики, поради често докажаната архивска трајност на добро развиените сребро-халидни материјали. Некои дигитални слики во боја, се развиваат преку разнообразни техники за да се направат црно-бели слики, а некои производители изработуваат дигитални фотоапарати кои се наменети само за еднобојни слики.

2. Фотографија во боја


За првите експерименти во боја биле потребни посебни долготрајни експонажи (часови или денови да се направат слики), а фотографот не можел да ја „фиксираˮ, бојата на сликата да не избледнува брзо кога е изложена на бела светлина. Првата трајна фотографија во боја е сликана во 1861 година, преку принципот на тробојно сликање за прв пат објавен во 1855 година, од страна на физичарот Џејмс Кларк Максвел. Идејата на Максвел била да направи три одделни црно-бели фотографии преку црвени, зелени и сини светла. Ова овозможува фотографот да пресоздаде слика во боја, со три основни каналчиња. Развојот на фотографијата во боја, било оневозможено од ограничената нестабилност на првите фотографски материјали, кои најчесто биле чувствителни на сино, само малку чувствителни на зелено, и речиси бесчувствителни на црвено. Откривањето на сензибилизатор за бои, од страна на фото-хемичарот Херман Фогел во 1873 година, неочекувано ја направи возможна чувствителноста на зелено, жолто, па дури и на црвено. Подобрените сензибилизатори на бои и тековните напредоци во севкупната чувствителност на бои, постојано го намалуваше потребното време за експонажа во боја, доведувајќи го многу поблиску до комерцијална остварливост. Сликањето во боја може да развива слики како дијапозитиви, кои можат да се употребуваат во слајд-проектор, или како негатив фотографии во боја, наменети за увеличување на позитив фотографии во боја на посебно обложена хартија. Денес, најчестo се развива фотографија во боја, благодарејќи на опремата за автоматско вадење на слики.

 

3. Дигитална фотографија

 

Во 1981 година, „Сониˮ(”Sony”) го откри првиот потрошувач на фотоапарат, кој користи „електронски уред за поместување и обработување сликатаˮ (ˮCharge-coupled deviceˮ), изоставувајќи ја потребата за филм, наречена „Сони Мавицаˮ (ˮSony Mavicaˮ). Додека „Мавицаˮ (ˮMavicaˮ) ги снимила сликите на диск, сликите биле прикажувани на телевизија, а фотоапаратот не бил целосно дигитален. Во 1991 година, „Кодакˮ (ˮKodakˮ) го открил „Системот за дигитален фотоапаратˮ – „СДК 100ˮ (ˮDCS 100ˮ – Digital Camera System), првиот достапен комерцијален фотоапарат со единечна рефлексна леќа. Иако неговата висока цена ги спречи другите намени, освен во областа на фотоновинарството и професионалната фотографија, комерцијалната дигитална фотографија го започнала својот тек. Дигиталната обработка на слики користи електронски сензор за слика, за да ја снима сликата како поза, подобро отколку како што се хемиските промени на филмот. Една важна разлика помеѓу дигиталното и хемиското сликање, е тоа е дека хемиското сликање не одобрува манипулација на сликата, бидејќи содржи филм и посебна хартија за правење на слика, додека дигиталното сликање е високо манипулативна дисциплина. Оваа разлика овозможува одреден степен да се уредува сликата после обработката, кое е релативно тешко во споредба со фотографијата извадена од филм и дозволува различни комуникативни потенцијали и претстави. Дигиталната фотографија, за разлика од класичната, не користи филм, туку слика “гледај” преку електронскиот сензор како збир на бинарни податоци. Тоа овозможува припремање и уредување на сликите на сопствениот компјутер. Денес, дигиталните фотоапарати се попродавани од класичните. Освен снимањето на фотографијата, тие често овозможуваат и снимање на видео и звук.

 

4. Обработка на фотографија

 

Обработката на модерната фотографија се прави со помош на одредени програми како што се на пример:
PS-Adobe Photoshop, LR-Adobe Lightroom. Со помош на овие програми може комплето да ја обработиш фотографијата во однос на нејзините бои, светли и темни тонови, додавање на одредени “слоеви”(во зависност од стилот, потребата, желбата), одредени спремни “пресови” кои можат да се најдат онлајн, но можат и да се формираат по сопствен вкус, потреба, побарувачка… Со помош на овие програми може да се осети моментот на старата фотографија позната како “црно-бела”, која игра голема улога во денешната модерна фотографија и се повеќе е барана на пазарот. Исто така, додавањето на сите украси кој можат да се најдат онлајн и да се преземат во пнг формат за да можат да се вметнат во фотографијата.

Во овие програми најпрофесионална обработка може да се изврши кога апаратот е наместен во raw-формат, бидејќи во тој режим на работа апаратот го вади својот максимум и дозволува голема отстапка за обработка.

 

 

 

Маја Илиевска