ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА СЕСИЈАТА ЈУНИ 2020

15.5 – 5.6.2020 до 23:59 – електронско пријавување на испити во iKnow-системот

 

Право на пријавување и полагање испити во јунската испитна сесија имаат само студентите кои последно го имаат запишано летниот семестар за учебната 2019/2020 година.

Студент што полагал испит без запишан летен семестар во учебната 2019/2020 година подлежи на дисциплинска одоговорност и исптитот ќе му биде поништен во дисциплинска постапка.

 

Оваа сесија нема да се зема печат на пријавите за предметите кои се пријавени преку интернет.

 

За оваа сесија студентите се ослободени од обврската да земат потписи од предметните наставници за предметите од летниот семестар 2019/2020 година.

 

Студентите што нема да пријават во предвидениот рок немаат право на учество во испитната сесија, освен со посебно овластување од студентската служба.

 

ВО СЛУЧАЈ НА ПРОБЛЕМИ ПРИ ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ПИШЕТЕ НА: ekts.sluzba@gmail.com

 

НАПОМЕНА: Пријавите за испит НЕ подлежат на администативна такса.

 

ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД ПРИЈАВУВАЊЕТО ДА ГИ РЕГУЛИРАТЕ ФИНАНСИСКИТЕ ОБВРСКИ КОН ФАКУЛТЕТОТ

 

ВАЖНО: Студентите запишани во академската 2012/2013 година должни се да ги завршат своите обврски во согласност со студиската програма до 30.9.2020 г., односно заклучно со третата испитна сесија.