Рефлексија кон песната „Граници“ од Борхес

Енигмата на животот не смее да се објаснува преку тоа како и колку ги истегнал животот сопствените

граници, а уште помалку да го предупредува човекот за тоа. Едноставно, во еден момент, се

гледаме себеси фрлени од едниот крај до другиот; oд една бучна училница, до просторијата

каде тишината смрди; oд мал стан до голема куќа ; oд планински врв до болничка соба.

Kраеви, или ˶граници ̋, како што вели и самиот Борхес.

Границите на Борхес, за разлика од едноставни забрани, носат болка на душата што го

протегаат до смрт не само телото, туку и сеќавањето – единственото нешто што

може да го задржи човекот жив, откако се откажува од сјајното сонце на сопствената младост.

˶Постои еден стих од Верлен за кој не можам веќе да се сетам .̋

Смртта му доаѓа на човекот кога тој, свесно или несвесно, ја поканува. Борхес го прави тоа

затворајќи ги сите прозорци и врати, коишто можеби не го враќаат телото назад, но барем им

овозможуваат на очите на срцето одвреме навреме да се спуштат во платото на далечното

минато.

Можеби Борхес инсистира на синкронизацијата на телото, со тоа што животот го нуди во

сегашноста, па затоа ˶Постои една врата што јас сум ја затворил до крајот на светот ̋.

И кога прозорецот на сеќавањата се затвора истовремено со вратата на животот,

библиотеката на минатото започнува да бледнее со секој следен и слаб здив, особено ако во

таа библиотека има книга за која што ветивме дека никогаш нема да ја отвориме.

˶Помеѓу книгите на мојата библиотека, треба да има една која никогаш веќе нема да ја

отворам. ̋

Можеби ова е писмото испратено до ангелот на смртта, или едноставно

огледало составено од зборови. Можеби Борхес не ни зборува за границите на реалноста, туку

за границите на стариот метафизички свет на Борхес. Никогаш нема да знаеме.

Но, една работа е сигурна, а тоа е дека овие зборови ќе бидат таа меланхолична тивка музика,

која ќе си ја отпееме на самите себеси, но само ако и ние, како Борхес, ќе имаме доволно

среќа за да ги затвориме сите врати и прозорци на нашиот живот, со свои раце.

 

Дхурата Алија