Свети Франциско и свињата – Галвеј Кинел

Пупката
Ги претставува сите нешта
Дури и оние кои не цветаат
Затоа што сè цвета,
однатре, од само-благослов;
Иако некогаш е потребно
Одново да се подучи за
неговата убавина,
Да се стави рака на неговото чело
На цветот
И да се прераскаже со зборови и допир
Дека е прекрасен
Додека да процвета однатре, од само-благослов;
Како што Свети Франциско
Ја ставил раката на збрчканото чело
на свињата, и ѝ кажал со зборови и допир
Благослови за земјата на свињата, и свињата
Почнала да се сеќава по целата нејзина дебела должина
Од земјената муцка преку
Крмата и помијата сè до духовната локна на опашката,
од остриот ‘ртеж што рошка од ‘рбетот
Долу кон великото скршено срце
До чистата сина млечна сонливост која шприца и се тресе
Од четиринаесетте брадавици во четиринаесетте усти кои цицаат и шмукаат под нив:
Долгата, совршена убавина на свињата.

 

Превод на Грација Атанасовска

Слика на Jiri Anderle